Руди Гоберт е француски професионален кошаркар кој настапува за екипата на Јута Џез во НБА Лигата. Настапува за францускиот национален кошаркарски тим во меѓународни натпреварувања. Висок 2.16m и тежок 111kg, игра на позицијата центар. Бил лидер во блокови во 2016-17 сезона со што бил избран во All NBA тимот истата сезона.
Гоберт е роден во Сент Квентин во северот на Франција. Израснат во својот роден град, Гоберт започнува да игра кошарка во 2003 година за екипата на ЈСЦ Квентин, пред да се приклучи во клубот Сент Квентин. Во 2007, тој се приклучува на тренинг центарот на Шоле и во 2010 година учествува на европското првенство под 18 години.
На 27 јуни 2013 година, Гоберт бил избран со 27 пик од екипата на Денвер Нагетс. Истата вечер бил трејдуван во екипата на Јута Џез. На 6 јули го потпишал својот договор со Јута Џез со што се приклучил на NBA Summer лигата.
На 31 октомври 2016 година Гоберт потпишал четиригодишен договор вреден 102 милиони долари со што станал најплатен француски спортист.
