Ричард Рики Рубио е шпански професионален кошаркар кој настапува за екипата на Јута Џез во НБА Лигата. На 15 октомври 2005 година на 14 годишна возраст тој станал најмладиот играч кој настапил во шпанската ACB лига. Својот евролигашки деби го имал на 24 октомври 2006 година со што станал првиот играч роден во деведесетите да игра во Евролигата.

Тој бил избран со 5ти пик на 2009 НБА Драфт од екипата на Минесота Тимбервулфс со што станал првиот играч да настапува во НБА Лигата роден во деведесетите.
Екипата на Минесота сакала да го откупи договорот со неговиот тим Хувентуд, но тој самиот одбил па така на 31 август 2009 година неговиот тогашен тим, Хувентуд, го трејдувал во тимот на Барселона каде потпишал шест годишен договор.
Во 2011 година , Рубио и се приклучил на екипата на Минесота Тимбервулфс каде настапувал шест сезони, пред да биде трејдуван во екипата на Јута Џез во Јуни 2017 година каде и ден денес настапува.