Запознај го – Јусуф Нуркиќ

Јусуф Нуркиќ е босански професионален кошаркар кој настапува за екипата на Трејл Блејзерси во НБА лигата. Висок 2.13m и тежок 127kg тој бил избран со 16ти пик во 2014 драфтот од екипата на Чикаго Булс. Исто така настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.


Откако бил избран на драфтот, истата вечер бил трејдуван во екипата на Денвер Нагетс. Во својата деби сезона имал повеќе утакмици со дабл дабл учиноци, па затоа и бил избран да учествува во Risting Stars Challenge, но подоцна самиот ја одбил понудата од лични причини.

Со прераснувањето на Никола Јокиќ во ѕвезда, тој бил префрлен на клупата и со тоа му се намалила минутажата. Поради тоа два пати побарал да биде трејдуван и тоа во Април 2016 и Декември 2016. Неговата желба ќе биде исполнета на во Февруари 2017 година, кога ќе биде трејдуван во Портланд.

Во Портланд ќе ја добие потребната минутажа и бргу ќе стане стартниот центар на Трејл Блејзерси, па така заедно со Лилард и Си Џеј Маколум ќе станат главното трио на оваа франшиза.

Leave a comment