Запознај го – Енес Кантер

Енес кантер е турски професионален кошаркар кој настапува за екипата на Портланд Трејл Блејзерси во НБА Лигата. Висок 2.11m и тежок 113kg бил избран со 3ти пик во 2011 НБА Драфтот од екипата на Јута Џез.

По драфтот во 2011, и самиот изјавил : ‘’ Многу сум среќен. Многу сум возбуден. Знам дека фановите на Јута Џез се одлични и ги обожавам. Знам дека ќе помогнам на тимот во играта под кошот, во скоковите, во сите категории. Ќе направам се за да влеземе во плејофот. Тој во својата прва сезона, ќе биде десетиот деби играч на Јута Џез кој ги одиграл сите утакмици од регуларната сезона.

Во секоја нова сезона тој се подобрувал во сите статистики но сепак во Февруари 2015 година ќе биде трејдуван во екипата на Оклахома.Во летото 2015 година тој ќе стане слободен играч и ќе добие понуда од екипата на Портланд, но екипата на Оклахома се одлучила да ја израмни понудата на Портланд, со што тој останал играч на Оклахома. Пред почетокот на 2017-18 сезона, тој ќе биде трејдуван во Њу Јорк.

Со намалена улога во екипата, тој ќе биде отпуштен од Њу Јорк на 7 Февруари 2019 година. 6 дена подоцна потпишал за екипата на Портланд Трејл Блејзерс каде ќе ја има улогата на резервен центар на Јусуф Нуркиќ.

Leave a comment