Запознај го – Џоел Ембид

Џоел Ембиид е камерунски професионален кошаркар кој настапува за Филаделфија 76ерс во НБА Лигата. Избран е со третиот пик на НБА Драфтот во 2014 година од Филаделфија.

Тој првично планирал да игра одбојка во Европа, но започнал да се занимава со кошарка на 15 годишна возраст, вклопувајќи ја својата игра по Хаким Олајџувон. Неговиот талент бил препознаен од Лук Мба а Муте, исто така камерунски кошаркар, кој му помогнал да замине во САД за да се посвети да биде професионален кошаркар.

По само една сезона со универзитетот на Канзас, се пријавил за драфтот каде бил избран од Филаделфија 76ерс. Поради честите повреди на стапалото и на коленото, ќе ги пропушти првите две сезони од својата професионална кариера, и првиот натпревар ќе го изигра на почетокот на 2016-17 сезона. Тој во првата сезона ќе биде избран во NBA All-Rookie First Team, иако одиграл само 31 натпревар. Исто така 2 пати бил избран како Ол Стар.

Leave a comment