Запознај го – Кристапс Порѕингис

Кристапс Порѕингис е латвиски професионален кошаркар кој настапува за тимот на  Далас Маверикс во НБА Лигата. Тој моментално ја држи титулата за највисок играч кој настапува во НБА Лигата, со височина од 2.21m. Како висок играч ги игра позициите Центар и Крилен Центар.

Роден во Лиепаја, Порѕингис ја започнал својата професионална кариера во Евролигата со тимот на Севиља во 2011 година. Порѕингис бргу ги поминал сите младински категории  и станал главниот играч на сениорскиот тим во 2013 година. Тој ја освоил EuroCup Basketball Rising Star награда во 2015 година, каде на 18 годишна возраст, станал најмладиот играч кој некогаш ја освоил наградата. Тоа исто лето се пријавил за NBA драфтот каде бил избран со 4 пик од Њу Јорк Кникс.

И покрај големите критики од фановите на тимот,  сепак тој бргу ќе израсне во главната ѕвезда на тимот. Но поради несогласувања со тимот, тој ќе биде трејдуван во Далас во 2019 година.

Leave a comment