Валтери Ботас ја извојува победата за Мерцедес на првата трка од новото првентство во Формула 1 – Гран при Австралија. Финецот започна од втората стартна позиција, но го претекна својот тимски колега Луис Хамилтон на самиот старт, и доминираше во текот на целата трка.

Макс Верстапен им даде на Red Bull и нивниот снабдувач на мотори Хонда причина за оптимизам за претстојната сезона, освојувајќи го третото место – пред двете Ферари на Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк кои се пласираа на четвртото и петтото место.